Австралискиот регулатор за конкурентност на пазарот и предложи на медиумските куќи да организираат „колективен објект“ на Google и Facebook за да ги принудат да плаќаат за вестите кои ги објавуваат на своите платформи.
Радикалната идеја е меѓу можните алатки за преговори коишто ги изнесе автралиската Комисија за запштите на пазарната конкурентност и потрошувачите (ACCC) во постпката на изработка на задолжителен кодекс за технолошките компании.
Другите алатки вклучуваат преговори на поединечните медиуми со двата технолошки гиганта, односно колективно преговарање на сите медиуми заедно.
Имајќи ги предвид глобалното влијание и огромната моќ на Google и Facebook, регулаторот сепак напоменува дека можеби ќе биде потребна „алтернативна рамка за преговорите“, доколку директните преговори завршат со неуспех.
„Колективниот бојкот или заканата со колективен бојкот може да ги поттикна и Google и Facebook на медиумите да им понудат посоодветни надомести за употребата на нивните содржини“, стои во соопштението на ACCC, објавено во вторникот.
Вниманието на информативниот свет се вперени во Австралија откако минатиот месец најави дека планира да ги натера големите интернет компании да ги поделат приходите од огласувањето кои ги заработиле со поддршка на медиумските содржини објавени во рамките на своите сервиси.
Иако првичните цели на регулаторот вклучуваа низа технолошки компании, како Twitter и Verizon Media, ACCC во вторникот соопшти дека одлучил да го стесни фокусот на Google и на Facebook. Станува збор за двете најголеми дигитални платформи кои во моментов остваруваат профит од значајната нерамнотежа во преговарачката моќ во однос на австралиските медиумски компании, истакнува австралискиот регулатор.
На ACCC му е доверена и задачата да изработи „кодекс на однесување“ за технолошките гиганти во прашањето за плаќање надомест и решавње други проблеми поврзани со пазарните натпреварувања.
Австралискиот регуалтор во објавениот извештај поставува и низа прашања за вестите за коишто технолошките компании би требало да плаќаат надомест и за методите за утврдување на нивната вредност. Заинтересираните страни мора да ги достават предлозите до 5-ти јуни, а ACCC мора до крајот на јули да го изработат конечниот кодекс, кој владата има намера во најкус рок да го усвои.