Австрија парично ќе ги помага невработените и семејствата во коронакризата

Youth gather for an aperitif drink outside a bar in the Trastevere district of Rome, on May 18, 2020 as the country's lockdown is easing after over two months, aimed at curbing the spread of the COVID-19 infection, caused by the novel coronavirus. - Restaurants and churches reopen in Italy on May 18, 2020 as part of a fresh wave of lockdown easing in Europe and the country's latest step in a cautious, gradual return to normality, allowing businesses and churches to reopen after a two-month lockdown. (Photo by Alberto PIZZOLI / AFP)

Австриската влада планира еднократни исплати за невработените и зголемување на издвојувањата за семејствата со деца за да ги ублажи економските последици од коронакризата, објави австриската владејачка коалиција во саботата.

Мерките кои ќе бидат усвоени на состанокот на владата следната седмица вклучуваат исплати од 450 евра за невработените и 360 евра за семејство по дете помладо од 18 години, објавија канцеларот Себастијан Курц и челникот на коалициската партија Зелени, Вернер Кеглер, во саботата во разговорот за јавната телевизиска мрежа ORF.

Владата, исто така, планира и намалување на даноците на најниските плати од 25 на 20 отсто, а тие измени ќе бидат применувани ретроактивно од почетокот на годинава. Претходно во петокот беше соопштено дека се планира и намалување на 5 отсто на данокот за додаден вредност (ДДВ) за рестораните и во културниот сектор до крајот на годината.

Курц притоа истакна дека коалициската влада на конзервативците и зелените ќе знае повеќе за трошоците произлезени од овие мерки по новата седница. Неговата влада во мај најави пакет за помош во износ од 38 милијарди евра за компаниите и економијата. А во петокот речиси за двојно го зголеми планираното задолжување за оваа година, на рекодни нивоа.

Се прогнозира дека австрискиот бруто домашен производ (БДП), доколку се случи втор бран од заразата со коронавирусот, годинава ќе падне за 7,2 отсто, но дури и новиот бран, кој би бил послаб од првиот, би ја продлабочил оваа криза на 9,2 отсто, објави австриската централна банка.

Во Австрија според последните официјални податоци, од почетокот на епидемијата се заразиле 17.018 лица, 16.012 пациенти досега оздравеле, а од Covid-19 починале 677 луѓе.