Секој петти Австриец со цел да се разреши бегалската криза бараат ограда на границата на Австрија. Ова го покажуваат истражувањата на Галуп институтот, пренесува српски „Блиц“.
Поголем дел од Австријците, односно околу 51 отсто од нив сметаат дека Австрија неможе да се справи со бранот мигранти. Во Виена каде во недела се бираат нови градски ид покраински власти, граѓаните се во селост поделени околу ова прашање.
Така, 47 отсто сметаат дека бранот бегалци што секојдневно се слева во Австрија не е можно да се совлада, додека 48 отсто сметаат дека е можно и понатаму да се примаат мигранти.
Две третини гласачи понатаму укажуваат дека прашањето за азилантите понатаму ќе влијае врз нивната одлука кому ќе го дадат својот глас.
На прашањето дали треба целосно да се спречи доаѓањето на бегалците 19 отсто се изјасниле дека така треба да се дејствува, а доплнителни 39 отсто сакаат да се затворат границите, но не и за воените бегалци. Околу 18 отсто од Австријците бараат ограда или ѕид на границата.