Австрискиот парламент гo објави условувањето на Бугарија за македонската евроинтеграција

На интернет страницата на австрискиот Парламент објавени се документите во врска со проширувањето на ЕУ и заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија.

И од овие документи станува јасно дека Изјавата на Бугарија стана дел од  заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека Изјавата на Бугарија била вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ.

„Советот за општи работи на ЕУ на 24 март (формално на 25 март) едногласно, вклучувајќи ја и Бугарија, безусловно одлучи да ги отвори преговорите со Северна Македонија. Ваквиот заклучок на 26 март едногласно беше одобрен и од шефовите на влади и држави во Европскиот совет. Оперативниот пасус на заклучокот на Советот во делот на Северна Македонија не содржи ниту еден услов“, изјави минатата недела за МКД.мк Димитров.

Тој појасни дека Изјавата на Бугарија вложена отпосле во записникот од усвојувањето на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ претставува стриктно унилатерална интерпретативна изјава, која не може да го исклучи или измени правниот ефект на одлуката за почеток на преговорите, ниту значењето и опфатот на заклучоците.

Сепак, во документите објавени на интернет страницата на австрискиот Парламент стои дека дел од заклучоците на Советот на ЕУ е и Изјавата на бугарската делегација.

Целата вест можете да ја прочитате на МКД.МК