
Австриските лекари предупредуваат дека трет бран на зараза со коронавирусот за болниците би можел да се совлада само условно.
Нивото на дневни зарази сè уште е високо, истакнаа тие, додавајќи дека состојбата на одделите за интензивна нега сè уште е тешка.
Специјалистот за интензивна нега Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена има тешки случаи меѓу пациенти на 20 и 30-годишна возраст.
Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочи дека болничкиот персонал со недели е изложен на екстремни напори, поради големиот број на пациенти со Covid-19.
„Тој напор не може да се издржи на долг рок“, истакна тој.