Автобус усмрти косовски државјанин

297

Во удар на автобус во близина на Берово во понеделникот утрото, смртно настрадала косовски државјанин, информираше министертвото за внатрешни работи.

На магистралниот пат Кочани-Штип, утрово во 5.50 часот се случила сообраќајна незгода во која автобус „Евро бус“ со беровски регистарски ознаки управуван од М.П.(48) од беровското село Смојмирово удрил во пешакот Д.М.(43) од Ѓаковица, Косово кој живеел во стан во Скопје.

По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде од здобиените тешки телесни повреди починал.

Увид на лице место по овластување на јавен обвинител е извршен од увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.