![avtobusi-skopje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/avtobusi-skopje.jpg?resize=640%2C384&ssl=1)
Автобусот број 28 на Јавното сообраќајно претпријатие од денеска ќе сообраќа по изменета траса од досегашната.
Наместо од Транспортниот центар, автобусот 28, кој сообраќа до „Македонско село“, ќе тргнува од прва станица на улицата „Лондонска“, која е и почетна станица на линијата 4А.
Крајна станица и понатаму останува Горно Нерези, односно „Македонско село“.