Бајден ги покани јапонскиот и јужнокорејскиот лидер на трилатерална средба во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден, кој учествува на самитот на Г7 во јапонска Хирошима, ги покани во неделата јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол на трилатерална средба во Вашингтон, соопшти за Reuters американски функционер.

Тројцата челници, како што беше најавено претходно, разговарале но кусо на маргините на самитот на седумте индустриски најразвиени земји во светот, на кој Јапонија ја повика и Јужна Кореја, која не е членка на групата, да учествува како гостин и третата страна во разговорите со САД.

Американскиот функционер рекол дека датумот на таа трилатерална средба наскоро ќе биде објавен, како и дека засега не е достапна никаква дополнителна информација.

Јапонија и Јужна Кореја имаат мачно минато, имајќи ја предвид јапонската повеќедецениска колонизација и окупација на Корејскиот полуостров (од 1910 до 1945), завршени со крајот на Втората светска војна. Во центарот на тој проблем е и прашањето на корејските „жени за утеха“, што е еуфемизам за сексуалните робинки на јапонските војници, особено во текот на светската војна.

Меѓутоа, сега Токио и Сеул сакаа да ги зајакнат воените врски пред, како што тврдат, Северна Кореја којашто ја гледаат како растечка закана. Покрај тоа, и двете земји за голема закана во регионот ја сметаат и Кина.

Челниците на Јапонија и на Јужна Кореја, коишто се под покровителство на САД, настојуваат да го зајакнат меѓусебните односи откако неодамна беше објавен план за обештетување на и на присилните корејски работници.

Кишида и Јун зедно во неделата го посетија споменикот подигнат во знак на сеќавање на корејските жртви на атомската бомба, првата и досега единствена во историјата, која САД во август 1945 година ја фрлија врз Хирошима.