Бајден препорачува САД во 2023-та да примат 125.000 бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден препорачува САД во текот на фискалната 2023 година да примат 125.000 бегалци, рече во петокот портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Предложената цел, којашто е идентична како и за тековната фискална година, „ќе биде го согласност со растечките потреби настанати со хуманитарните кризи ширум планетата, вклучително и повеќе од 100 милиони раселени лица во светот“, истакнува Прајс во писмената изјава за медиумите.

Претседателот Џо Бајден од Демократската партија, кој должноста ја презема во јануари 2021 година, вети дека ќе ја промени насоката откако неговиот претходни републиканецот Доналд Трамп ја скастри бројката на бегалците на само 15.000, најниското ниво во историјата на модерната бегалска програма.

Администрацијата на Бајден примила многу помалку од 125.000 бегалци оваа фискална година којашто завршува на 30-ти септември. До 31-ви август САД примиле 19.919 бегалци, според податоците на американската влада.