Американскиот претседател Џо Бајден прогласи во саботата состоја на катастрофа во сојузната држава Тексас којашто претрпи тешки нарушувања на снабдувањето со струја и вода поради смртоносниот леден бран, соопшти во саботата Федералната агенција за управување со итни ситуација.
Милиони жители на Тексас, најголемиот американски производители нафта и гас, се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија, а речиси половина од жители во петокот се соочија и со прекин во снабдувањето со вода.
Повеќе од дваесет смртни случаи му се припишуваат во студениот бран.
По одлуката на претседателот Бајдан, на Тексас му се на располагање сојузни средства, вклучително и помош за привремени сместувања и поправки на домовите, како и евтини заеми.
Бајден, исто така, размислува и да отпатува за Тексас за лично да се увери во тоа како сојузните власти одговараат на првата криза откако ја преземаа должноста точно пред еден месец.
Белата куќа соопшти дека „тесно соработува“ со гувернерот на Тексас, Грег Абот, републиканец кој во почетокот не ја признаваше победата на Џо Бајен на претседателските избори ланскиот 6-ти ноември.
Сите електрични централи во Тексас во саботата се вратени во погон, иако повеќе од 195.000 домови во петокот беа без струја, а жителите на 160 тексашки од 254-те окрузи имале проблеми со снабдување со вода, според податоците на Тексашката коалициа за квалитетот на околината.