Баерн бара 70 милиони евра за Левандовски

Челниците на германскиот фудбалски великан минхенски Баерн бараат од Барселона 70 милиони евра за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, пренесуваат во неделата шпанските медиуми.

Барселона претходно седмицава упати и официјална понуда до Баерн за исклучителниот полски голгетер. Се нагаѓаше дека Каталонците нудат околу 40 милиони евра, меѓутоа сега Баварците бараат речиси двојно повеќе.

Левандовски во моментов е на одмор во Шпанија и се надева дека двата клуба ќе постигнат договор околу обесштетувањето за него.

Триесет итригодишниот Левандовски во Баерн дојде во 2014 година од Борусија Дортмунд и во 375 натпревари постигна 344 голови. Во тој период со клубот од Минхен освои 19 трофеи во сите натпреварувања, а договорот со клубот му трае уште една сезона.