Фудбалерите на германскиот и европскиот првак минхенски Баерн со 3:0 го победија петтологашот Дирен и се пласираа во второто коло од германскиот DFB куп.
Баерн до победата го одведоа Камерунецот Чупо-Мотинг кој погоди во 24 и 75 минута, и Томас Милер кој реализираше пенал во 36 минута.
Баварците играа без повеќето стандардни играчи. Тренерот Флик реши да ги поштеди Левандовски, Ноер, Камих, Горетцка, Гнабри, Сане, Павард, Ернандез, Толисо и Коман по ангажманите на репрезентативен план, а прват во тимот се појавија засилувањата Даглас Коста, Буна Сара и Марк Рока.
Петтолигашот Дирен од покраината Вестфалија, по вести дака натпреварите во Купот ќе се играат без гледачи се откажа од предноста дуелот да го игра на домашен терен, па мечот се одигра на празната „Алијанц Арена“.
Претседателот на оваа аматерска екипа о Волганг Шпелтан пред мечот изјави дека доколку неговата екипа прими помалку од осум голови, ќе докаже дека „Дурен е подобар од Барселона“, а желбата му се оствари