Лидерот на германското фудбалско првенство минхенски Баерн го декласираше на гостувањето Хофенхајм со 6:0 во средбата од 24-то коло на Бундеслигата, ни натпреварот за малку ќе беше прекината поради наврведлив транспарент кој го поставија навивачите на гостинскиот тимж
Баерн се прошета на „ПреЗеро Арена“, но јасно е дека ќе биде ригорозно казнет, поради потегот на неговите навивачи поради кои мечот двапати беше прекинат. Транспарентот навредите ги упатија на сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп.
Судијата Кристијан Дингер прво во 62 минута ги предупреди гостинските навувачи, а кога пораката повторно беше истакната во 77 минута го прекина мечот испраќајќи ги играчите во соблекувалните. По кусата пауза дуелот продолжи но играќите на Баерн и Хофенхај, меѓусебни си ја додаваа топката што беше заеднички протест на играчите против недоличното однесување на навивачите. Беше тоа ретко видена, но и одлична сцена од играчите кои испратија јасна пораја. Поддршка на Хоп му даде и челникот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге кој застана зад него.л
Стрелици беа Серж Гнабри во 2, Џошуа Кимих во 7, Џошуа Циркце во 15, Филипе Кутињао во 33 и 47, и Леон Горетцка во 62 минута.
Баерн сега има 52 бодови, четири повеќе од вториот РБ Лајпциг кој има меч помалку. Хофенхајм, пак, остана моментално осми со 34 бодовим, два бода поналку од местото кое води во квалификаци за Лига Европа.
Победа оствари и Борусија Дормунд која на свој терен го победи Фрајбург со 1:0, а стрелец беше Џејдон Санчо во 15 минута. Борусија е трета со 48 бода, а Фрајбург е деветти со 33 бодови.
Победи и втората Борусија, онаа од Менхенгладбах, и тоа на гости со 3:2 кај Аугсбург. Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Госите поведоа во 49 минута преку Рами Бенсебаини, израмни на Едуард Левен во 57, но Борусија со двата гола на Ларс Стиндл во 53 и 79 минута отиде на два гола предност, водство кое домашните успеаја да го намалат во 83 минута преку Алфред Финебогасон. Борусија Менхенгладбах со 46 бодови и меч помалку е четврта, а Аугсбург е 13-ти со 27 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.
Мајнц со головите на Робин Кваисон во 29 и Карим Онисиво во 37 минута го совлада Падеборн. Мајнц е 15-ти со 25 бодови, четири повеќе од 16-та Фортуна од место кое игра плеј-оф за опстанок, Падеборн останува последен 18-ти со 16 бодови.
Фудбалерите на Келн изборија важна победа за зачувување на прволигашкиот статус откако во последниот саботен натпревар го победија Шалке со 3:0. Домашните поведоа во 9 минута преку Себастијан Борнаув, зголеми по половина час Џон Гордон, а третиот погодок беше автогол на Александер Нубел во 75 минута.
Келн сега е 10-ти со 29 бодови, додека Шалке остана на шестото место со 36 бодови.