
Поранешниот стратег на Белата куќа, Стив Банон вели дека европската интеграција е мртва откако на европските избори победија националистички и популистички партии во Италија, Франција и Велика Британија.
Тој посочува дека ако се формира коалција во која ќе членуваат партиите на Салвини, Ле Пен, Полјаците и Орбан, тие ќе станат втора најголема ЕУ партија.
После изборите секој ден во Брисел ќе биде нов Сталинград, вели тој.
Според него, националистите ќе настапат заедно, бидејќи ако не можеш да ја реализираш сопствената волја, бидејќи немаш мнозинство, можеш да ги блокираш работите.
„Не живееме во ера на убедувања, туку во ера на глобализација. Поради интернетот, социјалните мрежи, начинот на кои се сервираат вестите, она што го видовме на овие избори е одлична мобилизација на „зелените“. Тие ќе бидат значаен фактор, вели Банон.