Новиот филм „Барби“ со Марго (Елиз) Роби во улога на легедарната кукла доминираше на кино-касите изминатиот викенд со заработка од 155 милиони долари во северноамериканските кина од 4.243 локации, станувајќи така филм со најголема заработка досега во 2023 година, објави во неделата дистрибутерот „Warner Bros“.
Филмот „Опенхајмер“ за создавањето на првата атомска бомба во историјата на режисерот Кристофер Нолан ги надминал очекувањата и во северноамериканските кино-сали заработил 80,5 милиони долари.
Во својата вообичаена пракса американските медиуми трката за првото место ја нарекуваа „Барбенхајмер“.
Податоците за заработките се значителен поттик за студијата и кино-театрите кои досегаш имаа разочарувачко лето. Продажбата на влезници паднала под минатогодишното ниво, и покрај поголемиот број филмови во синеплексите.
Треската наречена „Беренхајмер“ со двата наголемо исчекувани но сосема различни филма коишто во кино-салите дојдоа во исто време, предизвика големи гужви во кината.
„Барби“ е филмот за куклата коешто своето појавување го доживеа во шеесеттите години од минатиот век, од перспективата на режисерките на „Малите жени“, Грета Гервиг.
Заработката од 155 ммилиони долари во првиот викенд од прикажувањето ја надмина заработката на филмот „Супер Марио Брос. Филм“ од април. „Барби“ воедно е филм со најголема заработка на почетокот од прикажувањето од режисерка на сите времиња.
Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го толкува американскиот научник Џулиус Роберт Опенхајмер, творецот на атомската бомба. Филмот одби одлични критики и се очекува дека ќе биде номиниран во многу категори за престижните Оскари.
Филнот во заработил дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународниот пазар, па вкупната заработка изнесува 172,2 милиони долари, објави дистрибутерот „Universal Pictures“.