Македонски репрезентативец, Енис Барди кој од 2017 година е член на шпанскиот прволигаш Леванте, а летово може да има промени, но само на градот.
Шпанските медиуми најавуваат одредени комбинации во кои играчот од средината на теренот би преминал во таборот на Еспањол. Имено клубот од Валенсија го донесе Гонзало Мелеро од Уеска, играч кој се очекува да биде стандарден затоа што е по вкусот на тренерот Пако Лопез.
Ако се има во предвид дека Рокина и Кампања се исто така влијателни, а капитенот Моралес има целосна слобода, тогаш повеќе од јасно е дека некој може да биде жртвуван, а медиумите го гледаат токму нашиот Барди. Поради ова можни се одредени трансфери по што 24-годишниот Барди би завршил во Каталонија и тоа во Еспањол.