Барса остана без Купот на кралот, ѝ го зема Валенсија

Фудбалерите на Валенсија се победници на годинешното натпреварување во Шпанскиот куп, откако во финалето кое во саботата вечерта се играше на стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севилја ја совладаа Барселона со 2:1.

Валенсија до предноста од 2:0 во првото полувреме ја донесоа Гамеиро во 21 и Родриго во 33, минута, а во продолжението Меси во 73 минута само успеа да намали.

За Барселона ова беше шесто последователно финале во Купот. Каталонците пред овој пораз четири пати со ред од 2015 до 2018 година го креваа пехарот, а последниот пораз во финалето им беше од Реал Мадрид во 2014 година.

За Валенсија ова е осмата титула во Купот, а прва по 2008 година. Барселона остана на рекордните 30 титули.