Барса привремено на „плус пет“ пред Реал

Во последниот синоќешен дуел од 29-то коло на шпанската фудбалска лига, Барселона на својот терен со 2:0 го совлада фенерџијата Леганес барем привремено зголемувајќи ја предноста пред големиот ривал мадридски Реал.

Првиот погодок за Барселона го постигна тинејџерот Ансу Фати во 42 минута, а вториот капитенот Лионел Меси во 69 минута од пенал.

Барселона сега има 64 бодови, пет повече од Реал кој во четврток ја пречекува Валенсија.

Претходно во вторникот вториот клуб од Барселона, Еспањол со играч помалку успеа да освои важен бод на гости во борбата за опстанок. Домашниот Хетафе и покрај тоа што уште од 16 минута имаше повеќе играчи откако кај гостите беше исклучен Бернардо Еспиноза, не успеа да постигне погодок.

Хетафе пропушти голема шанса да го потврди високиот пласман сезонава и барем на момент да биде на четвртото место кое води во Лигата на шампионите, сега е петти со 47 бодови, колку што има и четвртиот Реал Сосиедат, а го следи Атлетикот Мадрид со бод помалку а двата тима допрва ќе ги играат натпреварите од ова коло.

Еспањол со освоениот бод му го препушти последното место на Леганес, сега има 24 бодови, или еден помалку од 18-та Мајорка која е на местото кое води во доигрување за опстанок. Мајорка на гости со 0:1 беше совладана од Вилјареал за кој срелец беше Калрос Бака во 16 минута. Вилјареал со 44 бодови е седми на табелата, последната позиција која води во квалификации за европските натпреварувања.