Барселона планира нова понуда за Левандовски

Шпанскиот фудбалски великан Барселона планира нова понуда за минхенски Баерн за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, објави германскиот весник Bild.

Новата побуда на Каталонците би можела да дојде пред Баварците пред крајот на седмицата. Првата понуда што ја даде Барса изнесуваше 32 милиони евра, што во Баерн ја оценија како недоволна.

Челниците на Баерн беа упорни дека нема да го пуштат Левандовски, кого договорот со нив го врзува уште една година. Меѓутоа, полскиот голгетер изјави дека „завршил“ со Баерн по осумте години дека сака „повеќе емоции“ во својот живот. Клупското раководство сега е подготвено да го ослободи од обврските, но за „вистинската цена“.