Ракометарите на Барселона се победници на завршниот турнир од Лигата на шампионите, откако во финалниот меч по драматичното изведување на седмерците го победија Виве Кјелце за 37:35.
Барселона така ја одбрани титулата европски првак, освојувајќи ја вкупно 11-та европска титула.
Финалето донесе одличен меч кој на крајот беше решен со ударите од седум метри. Пресуди промашувањето на Алекс Душебаев кому во третата серија му одбрани Гонзало Перез де Варгас.
Барселона подобро го отвори натпреварот и во првиот дел во неколку наврати имаше три гола предност (5:2, 6:3, 9:6, 10:7), но Кјелце успеа да израмни на 12:12. Во продолжението се играше израмнето и двете екипи се сменуваат во предност, но ниедна немаше повеќе од еден гол предност.
Барселона во последната минута влезе со гол предност (28:27), но Белорусинот Арстем Каралек на две секунди до крајот на асистенција на својот сонародник Уладзислав Кулеш израмни на 28:28 и донесе продолжението.
Во продолжението Каталонците поведоа, а Полјаците возвратија и на 45 секунди пред крајот резултатот беше 32:32. Нападот за титулата го имаше Кјелце, но Алекс Дујшбаев шутираше крај голот. Во пенал серијата за Барса сите пет изведувачи, а Дујшебаев беше трагичар.
Кај Барселона најефикасни беа Алеикс Гомез со 9 голови, Тимоти Н’Гуасан и Дика Меме постигнаа по 5, а Перез де Варгас имаше 12 одбрани.
Кај Кјелце најефикасни беа Бранко Вујовиќ, Алекс Дујшебаев, Уладислау Кулеш и Даниел Дујшебаев со по 4 голови., додека Андреас Волф оствари 12 одбрани.
Во средбата за третото место, исто така, решаваа седмерците во кои подобар беше Кил кој со 37:35 беше подобар од Веспрем, кој и по првото и на средината од второто полувреме имаше предност од „плус 4“. Но Кил направи пресврт, и во 52 минута имаше предност од 32:31, а сепак Унгарците во завршницата успеаја да изборат продолжение, односно седмерци откако во последните моменти најстрога казна реагираше Кентен Мае.
При изведувањето на седмерците голманот на Кил, Никлас Ландин одбрани два удара, а еден играч на Веспрем ја погоди гредата. За германскиот претставник реализираа првите тројца изведувачи со што победникот беше решен.
Кај Кил најефикасен беше Микола Билик со 7 голови, а го следеа Миха Зарабец и Патрик Вјенцек со по 6 голови. Веспрем го предводеа Јахија Омар со 8 и Андреас Нилсон со 7 голови.