Шпанскиот фудбалски првак Барселона го победи на лондонски „Вембли“ домаќинот Тотенхем со 4:2 во второто коло од Групата Б од Лигата на шампионите, а Ливерпул со минимални 0:1 беше совладан кај Наполи во Групата Ц.
Каталонците поведоа веќе во 92 секунда од мечот со голот на Филипе Коутињо. Лионел Меси, кој беше извонредно мотивиран на овој дуел, упати прекрасна топка за Жорди Алба, кој исто така одигра одлично и кој го искористи непотребното истрчување на голманот на Тотенхем, Уго Љорис, и му асистираше на Коутињо кој постина гол од работ на шеснаесетникот. Ова беше најбрзиот погодок на Барса во последните 13 години во Лигата на шампионите. Побрз е само Марк ван Бомел кој во номеври 2005 година на средбата со Панетанаикос постигна гол по 36 секунди игра.
Барселона доминираше во целото прво полувреме кога на 2:0 големи Иван Ракитиќ со фантастичен волеј удар од дваесетина метри кој „бегаше“ од противничкиот голман и од стативата заврши во мрежата. Тотенхем живна во второто полувреме и се врати во игра во 52 минута преку Хари Кејн кој со одлина финта го „скрши“ Семедо а потоа со прецизен удар го погоди спротивниот агол од голот на Барса. Меѓутоа, само четири минути подоцна Каталонците повторно одат на два гола предност, кога Алба упати повратна топка, Коутињо и Суарез ја пропуштија а Меси кој претходно двапати биеше во дирекот во налет прецизно пласираше во „малата мрежа“ за 3:1. Тотенхем не се предаваше и Ламела во 67 минута намали на 2:3, а потоа домашните тргнаа по израмнување и ја преземаа доминацијата на теренот. Меѓутоа, сите дилеми ги реши Меси во 90 минута со својот втор гол на мечот. Тоа беше 22-ри гол во 29те настапи на Аргентинецот против англиски клубови.
Тотенхем и Барселона досега играле само еднаш, пред 36 години во полуфиналето на Купот на победниците на куповите, а славеше Барселона. На стариот „Вајт Харт Лејн“ беше 1:1, а во реваншот Барселона победи со 1:0, а потоа во финалето го совлада Стандард Лиеж.
Во вториот меч од оваа група, Интер ја забележа втората победа на гостувањето кај ПСВ Ајндховен со 2:1. Иако гостите од Апенините доминираа, домашните први дојдоа во водство со одличниот погодок во 27 минута на Пабло Розарио од 20 метри. Икарди имаше шанса да израмни во 37 минута, но домашниот голман Јеонен Зоет одлично реагираше. Но Зоет беше целосно немоќен во 44 минута кога од работ на шеснаесетникот Раџа Наинголан израмни на 1:1. ПСВ во 49 минута можеше повторно да дојде до водство, но ударот на Гастон Переира од линијата на казнениот простор заврши во дирекот. Интер направи целосен пресврт во 60 минута со голот на икарди.
Ова беше трет дуел меѓу двата клуба и во сите три славеше Интер. Интер двата успеха против ПСВ ги остигна во групната фаза од Лигата на шампионите во 2007 година. Во Ајндховен со 1:0, а во Милано со 2:0.
На табелата во Групата Б водат Барселона и Интер со по шест бодови, додека ПСВ и Тотенхем се без бодови.
Во Гупата А, Атлетико Мадрд го победи Клуб Бриж со 3:1. Одбраната на Белгијците капитулираше прво во 28 минута, а стрелец беше Антоан Гризман. Но радоста на домашните навивачи траеше до 40 минута кога со фантастичен удар од 20-ина метри откосо израмни Арно Гроенвелд. Гризман повторно носи водство за „јорганџиите“ во 67 минута откако убаво беше проигран од Коста. Мадриѓаните потоа не дозволија ново израмнување, а со голот на Коке во судиското продолжение ја потврдија победата.
Борусија Дортмунд во второто полувреме го скрши отпорот на Монако победувајќи со 3:0, со головите на Јакоб Бруно Ларсен во 51, Пако Алкасер во 72 и Марко Ројс во третата минута од судиското продолжение. Победата на Борусија можеше да биде и повисока, но Алкасер во 69 минута од пенал ја погоди само стативата.
На табелата во оваа група Атлетико и Борусија имаат по шест бодови, а без бодови се Монако и Клуб Бриж.
Во дербито од групата Ц, Наполи го победи Ливерпул со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Лоренцо Инсиње во судиското продолжение. Домашниот тим беше подобар, имаше далеку повеќе од играта и неколку убави шанси, па може да се каже дека сосема заслужено дојде до победата.
Првата шанса домашните ја имаа во 10 минута, но Инсиње шутираше крај голот. Во 33 минута се закани и Милик, но голманот Алисон Бекер беше присебен. Полскиот напаѓач шутираше и во 49 минута, но Алисон повторни одлично реагираше. Првата посериозна можност за гол Ливепрул ја имаше дури во 67 минута, кога Мохамед Салах штутираше од работ на шеснаесетникот, но покрај голот. Наполи имаше уште една голема шанса во 75 минута кога Хозе Каљехон веќе го совлада Алисон, но топката од пред гол-линијата ја расчисти Џо Гомез. Најдобрата шанса, пак, домашните ја имаа во 82 минута кога Мартенс од осум метри ја погоди стативата. И кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, Инсиње искористи одлично додавање на Каљехон.
Претходно во попладневата средба од Групата Ц, Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ ја победи белградска Црвена ѕвезда со 6:1 нанесувајќи ѝ го најтешкиот пораз во европските купови во историјата на клубот.
Српскиот фудбалски шампион изненади во првото коло одигрувајќи во Белград со силно фаворизираниот Наполи 0:0, но во второто коло доживеа дебакл. Црвена ѕвезда добро се држеше во Париз во првите 20 минути, но тогаш попушти пред пресилниот за овој нејзини состав противник. ПСЖ веќе во следните 25 минути од првото полувреме успеа да постигне четири погодоци, а во продолжението уште два. Победата на ПСЖ можеше да биде уште поубедлива, но голманот Милан Борјан се истакна со неколку одлични одбрани.
Парижаните поведоа во 20 минута со голот на Нејмар од слободен удар, а бразилскиот ас само по158 секунди подоцна го удвои водството по двојното проигрување со Килиан Мбапе. Нејмар со тоа го собори рекордот на Лигата на шампионите со постигнување два гола во низа, а досегашнот рекорд, исто така, беше негов. Имено во дресот на Барселона постигна два гола во интервал од 166 секунди.
И стрелци на другите два гола во првото полувреме беа јужноамерикански фудбалери, Уругваецот Единсон Кавани во 37 и Аргентинецот Ангел ди Марија во 41 минута. Во второто полувреме, домашните постгнаа уште два гола, а стрелци беа Мбапе во 70 а Нејмар во 82 минута, непосредно пред да биде повлечен од теренот повторно од слободен удари но овој пат уште поубаво постигна „хет-трик“. Ѕвезда кон средината на вториот дел помалку се ослободи од грчот, направи неколку добри акции и упати три шута кон противничкиот кол од кое оној на Марко Марин во 75 минута заврши во мрежата на ПСЖ.
Досега највисокиот европски пораз Црвена ѕведа го доживеа во 2004 година кога загуби од ПСВ Ајндховен со 0:5.
На табелата во Групата Ц води Наполи со четири бодови, Ливперул и ПСЖ имаат по три, додека Црвена ѕведа има еден бод.
Во Групата Д, Порто дома го победи Галатасарај со 1:0, со голот на Муса Мареж во 49 минута. Претходно попладнето во Москва во рамките на истата група, Шалке 04 славеше над Локомотив со 1:0 со голот на Вестон Меккени во 88 минута, во натпревар кој се одигра по дождливо време и не донесе особени возудувања.
На табелата водат Шалке и Порто со по четири бодови, Галатасарај има три, а Локомотив е без бодови.