Скопје на 24 февруари ќе биде место на првиот грандиозен Саем за убавина, што ќе биде и еден од најинспиративните настани на годината.
Да создадеме заедничка магија со креаторите на убавината!
„Beauty Congress Open Balkan“, во организација на престижниот салон за убавина „Beauty Academy“, е конгрес за козметичари и естетичари што ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје, од 10 до 18 часот.
„На конгресот ќе може да се запознаете со многу други професионалци и да ги најдете најдобрите ресурси за вашиот бизнис. Ќе ги добиете најновите информации за производството, презентации и услуги во светот на козметиката. Ќе уживате во различни настани и сесии каде што ќе можете да стекнете нови вештини и да го подобрите вашето постоечко знаење. Настанот е идеален и за доктори кои се со интереси за естетски третмани. Со нетрпение го очекуваме вашето присуство“.
Добредојдовте на настанот наречен Beauty Congress Open Balkan!