Белгија ќе мора да ги одложи сите болнички зафати кои не се неопходни, изјави во вторникот министерот за здравство Франк Ванденбрук, ден отокако предупреди на „цунамито од Covid-19“, додека Холандија бележи рекордна бројка на нови коронаинфекции.
Белгија, која има 11 милиони жители, има 816 зарази со коронавирусот на 100.000 жители во последната седум дена, покажуваат официјалните бројки, и според овој показател во Европа полоши стои само Чешка.
Во Белгија досега како последици од компликациите предизвикани од коронавирусот починале 10.443 лица, што претставува една од најлошите бројки во светот, во однос на бројот на жителите. Досега се заразени 230.480 луѓе од почетокот на епидемијата.
Белгиските здравствени власти во понеделникот одлучија дека ќе бидат тестирани само оние кои имаат симптоми. Во болниците во моментов има двојно помалку пациенти отколку во текот на пикот на епидемијата во април, но бројот на пациентите на одделите на интензивна нега, каде во вторникот имало 446 лица, се удвојува на секои осум до девет дена.
Мартин Моонен, шефот на одделот за интерна медицина во болницата „Ситадел“ во Лиеж за Reuters изјави дека персоналот дошол до своите крајни граници. „Има значителен недости“ од кадар, рекол Моонен, и тоа поради изолациите, болести но и поради премореност.
Сите кафулиња и ресторани од понеделникот се затворени, но допрва треба да се види дали тоа ќе има некаков резултат. Експертите велат дека половината од Белгијците не го почитуваат правилото за физичко растојание.
„Сите знаат дека луѓето се среќаваат во приватни домови и се собираат во групи од по повеќе од четири лица“, изјавил студент за телевизијата Reuters.
Во Холандија, пак, тамошните здравствени власти во вторникот објавија дека регистрирале 8.182 нови случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа. Земјата има вкупно 6.814 починати и 250.382 заразени од почетокот на епидемијата.
Сепак, додаваат дека моментлно бројот на коронаинфекциите не расте со онаа брзина како што беше претходно. Минатата седмица Холандија забележа 27 отсто повеќе новозаразени во однос на една седмица претходно. Во претходните седмици, бележеше раст од речиси 60 отсто.
Холандија е една од европските земји најпогодени со другиот бран од вирусот. Расте и бројкот на пациентите во болниците и на оние кои се на одделите за интензивна нега. Пациентите со Covid-19 во моментов полнат 1 од 3 кревата на одделите за интензивна нега.