![brisel aerodrom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/brisel-aerodrom.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Најголемите аеродроми во Белгија во среда ќе откажа најмалку половина од летовите, а од базата на превозникот „Ryanair“ нема да полета ниеден авион поради штрајкот на синдикатите незадоволни од падот на куповната моќ.
Бриселскиот аеродром Завентем, кој во септември бележел два милиона патници, објави дека очекува „сериозни нарушувања“ и дека голем број летови се откажани или одложени.
Вториот најголем аеродром, Шарлероа јужно до Брисел, ги откажа сите летови, објавено е на официјалната интернет страница.
Јавниот сообраќај во средата речиси сосема ќе биде запрен кога белгиските работници ќе маршираат низ Брисел, барајќи поголеми плати и подобри услови за работа.
Годишната инфлација во Белгија во октомври достигна 12,27 отсто, највисокото ниво од јуни 1975 година, првенствено поради растот на цените на храната и енергијата.