Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ оцени во петокот ноќта дека бебедносната ситуација на Косово во пресрет на посетата на претседателот на Србија, Алескандар Вучиќ, во сабота е „сложена и тешка“, порачувајќи дека од КФОР очекува да му ја осигури безбедноста српскиот претседател.
„Доколку КФОР сака да му овозможи безбедност на Александар Вучиќ, лесно тоа може да го стори“, изјави Стефановиќ за Радио-телевизија Србија (РТС), откако Вучиќ на вонредна прес-конференција доцна вечерта во петокот објаво дека сепак во сабота и недела ќе отпатува во посета на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија и покрај забраните и заканите од албанските власти во Приштина.
Српскиот министер на полицијата истакна дека Вучиќ не оди на Косово „да држи военоподбуцнувачки говори“, туку со намера да „каже што е добро за сите, што е она што на луѓето може да им обезбеди иднина“. Стефановиќ истакна дека намерата на Србија е „да направи договор (со Приштина) уважувајќи ја реалноста“.
Доцна ноќта белградските медиуми зивестија дека Приштина, и покрај претходната забрана, се согалсила со барањето на Белград, српскиот претседател Вучиќ да ги пости системот за водоснабдување во Газводе, стратешки ресурс на северот од Косово кој е еден од проблематичните теми во преговорите меѓу Приштина и Белград. Претходното одбивање да се даде согласност предизвика Вучиќ да одните да разговара во петокот во Брисел со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Медиумите во Приштина истакнуваат дека косовските власти ја промениле одлуката под притисокот на предлог на Вашингтон.
Порталот Koha.net пренесува дека до оваа промена на косовлсата влада дошло на „предлог на САД“ до косовските институции за да „не дојде до тензии меѓу двете држави“. Порталот, повикувајќи се на извори во власта, пишува дека преставниците на косовските институции во текот на целиот ден во петокот биле во постојан контакт со западните партнери во врска со оваа одлука.
Се наведува дека планот на посетата на претседателот на Србија е одобрен во согласност со барањето и во согласност, како што се истакнува, со „Правилата за посета на високи функционери предвидени со договорот од Брисел“, стои во новиот одговор од Приштина.