Белорусија дел од војските ги става на највисоко ниво на борбена готовност

Белоруското министерство за одбрана соопшти во понеделникот вечерта дека ја спроведува третата фаза од сеопфатната проверка на борбената годовноста на вооружените сили, во чии рамки може да бидат повикани и војници од резерниот состав.

Најавата доаѓа откако по речиси една седмица без апсење на масовните протести со кои се бара оставка на претседателот Алелсандр Лукашенко, во понеделникот повторо имаше приведување и повикувања на инфорамтивни разговори на демонстранти и некои лидери на белоруската опозиција.

Како што беше соопштено, министерството за одбрана планира да ја процени можноста на војниците „да ги исполнуваат задачите во динамична промена на ситуацијата“. „Во текот на проверките предвидено е одредни воени единици да бидат ставени на највисок степен на борбена готовност“, се додава во соопштението.

Претходно белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин најави одржување сеопфатна тактична вежба со учество на војските на Западната оперативна команда во правецот на Гродна, кон тромеѓето со Полска и Литванија, земји членки на НАТО. Ваквата одлука на властите во Минск беше објаснета со надворешно мешање во внатрешните работи на земјата.

Во саботата претседателот Лукашенко изјави дека НАТО ги распоредува своите трупи кон белоруските граници, што во Брисел го отфрлија. Лукашенко сепак тврди дека противниците се обидуваат да ја „скршат“ и „заплашат“ земјата однатре, а исто така и отворено се закануваат „од таа страна на границата“. Белорускиот челник притоа потсети дека во Гродненската област неодамна беа распоредени десатните единици од базата Витебск, како и дека во борбена готовност се ставени тактичките ракетни системи од неколку типови и протввоздишниот ракетен систем С-300.

Ставањето на вооружените сили во целосна борбена готовност и преместувањето на трупите кон западните гранции, како што оцени Лукашенко, претставува „најсериозната одлука во последниот четврт век“ донесена во Белорусија.