Поранешниот албански премиер Сали Бериша, пред утрешниот протест свикан од негова страна, побара од Албанците масовно да се соберат и да му „кажат на автократот дека неговите денови се изброени“.
Додаде дека овој протест е од витално значење за Албанија, бидејќи Еди Рама и неговиот тим ги злоупотребуваат слободите, финансиите, битието и достоинството на албанските граѓани.
„Ова е и порака и повик до сите Албанци да се приклучат на оваа праведна кауза. Кауза која има заеднички именител, а тоа е заштитата на слободите на Албанците. Тоа е и почит на сите оние кои утре ќе го наполнат булеварот во епски протест, би рекол, во протест од витално значење за Албанија, бидејќи како секој час и секој ден, Еди Рама и неговиот тим злоупотребуваат со слободи, со финансии, со битие, со достоинство на албанските граѓани. Температурите се високи, но уште поголема е народната омраза кон овој нарушувач на причините за слободата. Сѐ е поврзано со слободите на албанските граѓани. Етузијазмот е голем а незадоволството безгранично“, рече Бериша.
Тој предупреди на „остра реакција доколку полицијата насилно реагира врз демонстрантите на протестот“.
„Секој обид за заплашување и насилно однесување врз учесниците на протестот од страна на полицијата ќе биде евидентиран и ќе добие заслужена лична и законска казна“, се закани Бериша.
Закажаниот протест ќе се одржи под мотото „Албанија е во опасност – Не вели што ќе ми е мене?“, а собирно место е седиштето на Демократската партија во 19 часот, од каде продолжуваат до пред влада.