Германија во петокот побара на европските аеродроми да се воспостават „системи за следење“ на новите потенцијално опасни варијанти на коронавирусот поради експлозијата на бројките на заразените во Кина, но оваа фаза се противи на задолжителното тестирање на патниците кои доаѓаат од Кина.
Додека некои земји, во прв ред Италија во Европа и САД бараат задолжително тестирање на патниците од Кина, германскиот министер за здравје Карл Лаутербах тоа засега не го смета за потребно.
„Сите варијанти кои се утврдени досега веќе се познати“, изјави министерот Лаутербах за новинарите во Берлин.
Но истовремено тој се зазема на европските аеродроми да се воспостават „системи за следење“ кој би овозможиле брза детекција нови опасни варијанти.
„Целената контрола, на пример, на некои авиони би можело да игра улога. Многу е важно Европа во тоа да настапува координирано“, истакна Лаутербах додавајќи дека за тоа подоцна во петокот ќе разговара со францускиот колега.
Кина на почетокот од декември ја укина политиката на „нулта толеранција на коронавирусот“, што на Кинезите и странците треба да им овозможи повеќе да патуваат во и надвор од земјата, но истовремено во кинеските градови истовремено се зголемува бројот на дневните зарази и најголемиот бран на заразите во светот.
Повеќе земји, меѓу кои Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Израел и САД веќе воведоа задолжителни тестови на Covid-19 за патниците кои пристигнуваат од Кина. Шпанија, исто така, во петокот најави дека ќе ги воведе задолжителните тестови за патниците од Кина.
Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, меѓутоа, оцени во четвртокот дека воведувањето на таквите мерки на ниво на Европската унија во овој момент било „неоправдано“.