Германија протера во средата двајца службеници на руската амбасада поради несоработувањето на Москва во истрага за убиство на грузиски државјанин во Берлина за што германското државн обвинителство ги сомничи руските или чеченските власти.
Русија негира секаква вмешаност во убиството на муслиманскиот Грузиец, и експресно одговори дека ќе возврати со идентична мерка на германскиот потег за кој истакна дека „не е пријателски“.
„Со овој потег германската влада реагира на фактот дека руските власти недоволно соработуваа во истрагата за убиството на лицето Торнике К. Во парк во Берлин“, објави во седата министерството за надворешни работи на Германија.
Мажот кој е повеќе познат како Зелемкан Кангошвили во август е убиен со два куршума в главата во парк во центарот на Берлин кога одел кон џамија. Овој 40-годишенГрузиец војувал во исламистичкиот бунт во Чеченија на страна на џихадистичките борци кои имаа намера да го формираат калифат на Кавказот.
Германското обвинителство смета дека поседува доволен број докази кои упатуваат на тоа дека наводен нарачател на убиството е руската држава или чеченските власти. Претходно беше објавено дека во врска со овој случај е уапсено осомничено 49-годишно лица кое наводно е Русин.
Руското министерство за надворешни работи многу брзо остро одговори на обвинувањата.
„Изјавите на германската страна за протерувањето на двајцата вработени во руската амбасада во Белрин ги сметаме за неосновани и тие не се пријателски. Ќе бидеме приселени да одговориме со реципрочна мерка“, пренесуваат руските медиуми цитат од соопштението на дипломатијата.
Претходно во средата портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков уште еднаш оцени дека се „апсолутно неосновани“ сомневањата дека Русија може да биде поврзана со убиството на грузискиот државјанин во Берлин.