Берлин свика итен кризен состанок на ЕУ, тврди дека вакцините се ефикасни против новиот сој на вирусот

Експертите во Европската унија заклучија дека сега постоечките вакцините против коронавирусот SARS-CoV-2 се ефикансни против новиот сој откриен во Велика Британија, објави во неделата вечерта германската влада.

„Според сето она што во моментов го знаеме и по дискусијата на европските стручњаци, новиот сој не влијае врз вакцините и тие остануваат ефикасни“, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

„Тоа се многу добри вести“, додаде Шпан за државната телевизија ZDF, министерот на земјата чијашто земја претседава до 1-ви јануари со Европската унија.

Шпан особено зборуваше за наводната ефикасност на вакцината која заеднички ја развија американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“, којашто веќе се применува во неколку земји во светот а се очекува наскоро да го добие одобрувањето од Европската агенција за лекови. Меѓутоа, во неделата американските здравствени власти издадоа упатства во врска со употребата на оваа вакцина и врската со лицата кај кои се јавуваат алергиски реакции.

Вирутелната средба на експертите од земјите членки на ЕУ за појавата на новиот сој на коронавирусот во Велика Британија, соопшто портпаролот на министерот за здравство на Германија.

Мутацијата на вирусот откриена во Велика Британија предизвика многу европски земји да ги сопрат летовите со оваа земја. Се наведува дека од понеделник може да следува и запирање и на поморскиот и на копнениот сообраќај со Островот.

Лондон, исто така, ги забрани патувањата во и надвор од погодените со новата мутација на вирусот Лондон и југоисточна Англија. Според британските епидемиолози, новиот сој на коронавирусот е за 70 отсто позарезен од претходната мутација,.

Во земјите на ЕУ веќе се регистрирани неколку случаи од новата варијација на коронавирусот, и тоа девет во Данска и по еден во Холандија и во Италија, а и Австралија пријави еден случај.

Германија, која претседава со ЕУ, за понеделникот свија кризен состанок на експертите од разни земји за координирање на одговорот на новата закана, додаде портпаролот на германското министерство за здравство.

Станува збор за состаник на Европскиот механизам за кризни ситуации (IPCR), до кој Унијата се обраќа во случаи на големи здравствени, еколошки или терористички закани.