Беса прогласи победа во Тетово

Генералниот секретар на Движењето БЕСА во изјава за Бриф изјави дека БЕСА победи во Тетово.

-Победуваме и тоа убедливо во Тетово. Нашиот претседател на партијата Биљал Касами ја порази актуелната градоначалничка Теута Арифи. Ова сѐ уште се неофицијални информации, но се точни – вели Хоџа.

Според официјалните податоци од ДИК, иако обработеноста на гласовите во Тетово сѐ уште е мала, предноста на кандидатот на Беса Биљал Касами е голема.

Пред малку заврши прес-конференцијата на ДУИ, на која се обрати лидерот на партијата, Али Ахмети. Во кратката листа освоени општини Ахмети ги наброја Арачиново, Кичево, Теарце, Долнени, Струга, Чаир, но не и Тетово.