Бесплатна вакцинација против болеста „син јазик“ во Бугарија

Бесплатна вакцинација на животните против болеста син јазик на пролет во Бугарија.

За да бидат бесплатно вакцинирани, животните мора да бидат означени.

Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, е единствениот начин да се сопре ширењето на болеста. Со заладување на времето, случаите на новозаразени животни во планинските области се ретки. Во Сливенската област има околу 20.000 болни животни.  Од болеста досега пцовисале 2 400 животни. Предвидено е земјоделците да добијат надоместок во износ од нешто над едно евро по килограм жива мера.