За да се спречи непрописното преминување на пешаците преку булеварот Цветан Димов, во скопската населба Чаир, градските власти поставуваат бетонски прегради.
Општинските власти на Чаир информираат дека е започнат процесот на поставување на бетонски банкини низ најфреквентниот булевар во градот „Цветан Димов“ со цел да се стави крај на хаосот кој се создаваше.