Полицијата во Босна и Херцеговина трага по маж кој ја убил сопругата и уште две лица, а призорите од ова злосторствто извршено во петокот директно го напривил достапно со пренесување на интернет, известуваат локалните медиуми според кои осомничениот преку социјалните мрежи тврдел дека убил уште две лица за што засега нема службена потврда.
Од полицијата потврдиле дека во тек се спроведува опсежна потрага по маж од Градачац на северозападот на Босна, поради сомневање дека сторил убиство, но засега не го објавуваат неговиот идентитет.
Според порталот на весникот Dnevni avaza, убиецот е извесен Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и инструктор по фитнес кој наводно бил поврзан со една криминална група вклучена во криумчарење наркотоци.
На снимките коишто засега се сметаат за директен доказ за извршеното злосторство се гледало како мажот од пиштол пука во сопругата. На снимката се гледало и бебе кое лежи на плочки во просторијата.
„Еве, да видите како изгледа убиство во живо“, рекол убиецот во текот на емитувањето на снимката.
Од полицијата известилте дека во настанот уште неколку лица се повредени, но засега не изнесуваат поединости.
„Во Градачац дојде до употреба на огнено оружје од страна на машко лице кога според привичните информации се повредени повеќе лица. Интензивно се трага по лицет. За настанот е известен кантоналниот обвинител. Полциски службеници се на местото на настанот и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На теренот се упатени и тимови од полициската единици за специјална поддршка“, соопштиле од Министерството за внатрешни работи на Тузланската жупанија.