Државната полициска агенција за истраги и заштита (SIPA) и Агенцијата за разузнавачка безбедност (OSA) на Босна и Херцеговина ги проверуваат наводите дека членовите на вахаби и малолетните девојчиња спроведувале обука за гаѓање на стрелиштето во касарната на Вооружените сили на Босна и Херцеговина во близина на Мостар, потврди Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.
„Сè уште ги чекаме извештаите на SIPA и OSA. Системот на командување во Вооружените сили на Босна и Херцеговина веќе започна постапки за утврдување на фактите и околностите, како и нарушување на безбедноста на локацијата, поради медиумската информација дека лица поврзани со вахабистичкото движење вежбале пукање на воениот полигон кај Мостар, а меѓу нив имало и четири малолетни женски лица“, изјави во вторникот за медиумите во Мостар заменик-министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ.
Информацијата дека стрелиштето на касарната „Миралем Југо“, дел од Вооружените сили на БиХ кај Мостар, го користеле припадници на вахабистичкото движење први ја објавија локалните медиуми. Тие објавија и фотографија на која се гледаат четири жени, облечени според исламските правила, на којашто мажи пукаат со пиштоли во цели. Повикувајќи се на неименувани безбедносни извори, медиумите наведуваат дека фотографијата е направена во февруари годинава, а ова стрелиште неколку месеци се користело за обука на лица блиски до радикалните вахабистички кругови, за кои не била водена целосна евиденција за влез.
Тие доаѓале на стрелиштето кое се наоѓа во рамките на касарната со одобрение на Министерството за одбрана на БиХ, кое му издало дозвола за користење на стрелиштето на Стрелачкиот клуб Вележ од Мостар.
Галиќ објаснува дека министерството неодамна ја откажало претходната одлука за привремено доделување на користењето на стрелиштето на оваа воена локација на Стрелачкиот клуб Вележ, што „значи дека им е забранет влез на локацијата“.
Од Државната полициска агенција за истраги и заштита (SIPA) потврдија за медиумите дека спроведуваат истрага за утврдување на идентитетот на лицата кои го користеле ова стрелиште.
Обвинителството на Босна и Херцеговина ниту потврдило, ниту демантирало дека води истрага за овој инцидент, наведувајќи дека „ги следи сите појави и настани во медиумите и јавноста, кои можеби се интересни од гледна точка на собирање докази и информации за потенцијални опасности од терористички активности“.