Генерално имаме секојдневни известувања од многу болници ширум државата каде што медицинските сестри пред се во овие услови на пандемија заминуваат од јавното во приватното здравство и тоа го знаеме сите ние посебно во нашата фела, дека голем број на медицински сестри и во текот на пандемијата значи заминаа за подобри услови за работа во приватното јавно здравство, од незадоволства и многу разно разни причини, вели Гордана Бишлиоска од здружение н медицински лица „За нас“ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.
Бишлиоска посочи дека има сознанија дека голем број на медицински сестри се спремаат да ја напуштат државата и да ги потполнат испразнетите места на здравствените установи во регионот и Европа, додавајќи дека дефицит од медицински сестри е глобален проблем.
-По однос на одлевањето на медицинските сестри мислам дека ќе навлеземе во еден период за кој што зборуваме цело време ние во последно време во здружението, дека нашите сознанија зборуваат за тоа дека многу голем број од нашите сестри се спремаат да ги потполнат испразнетите места во регионот и ширум Европа во здравствените институции со оглед на тоа дека дефицитот на медицинските сестри е глобален проблем и тоа не е проблем само на нашата земја, така да очекуваме и никој не може да претпостави колку ќе биде таа бројка на медицински сестри кои ќе ја напуштат државата, додаде таа.