– Ќе доживееме голем успех, доколку сите посветено работиме на создавање конкурентен регион, а не конкуренција меѓу земјите од регионот, истакнал Битиќи.
Македонија и Шведска имаат огромен потенцијал за зголемување на трговската размена и инвестициите, оцениле на денешната средба вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шведската амбасадорка во земјава Кристен Форсгрен Бенгстон.
Вицепремиерот Битиќи, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека глобалните трендови и моменталната ситуација со кризата предизвикана од Ковид 19 покажуваат дека европските земји, кои сеуште не се членки на ЕУ, како што е Македонија, се многу атрактивна дестинација за нови инвестиции на глобалните компании, поради близината со Европската Унија, добрата поврзаност и можноста да се направи брз транспорт на производи до која било земја членка на ЕУ.
Битиќи нагласил дека Владата останува посветена на унапредување на регионалната соработка и на подигнување на конкуретноста на регионот во целина. Во тој контекст, според Битиќи, добро би било да се искористи искуството на скандинавските земји кои се успешен пример за регионална соработка.
– Ќе доживееме голем успех, доколку сите посветено работиме на создавање конкурентен регион, а не конкуренција меѓу земјите од регионот, истакнал Битиќи.
Амбасадорката Бенгстон, која му ја честитала на Битиќи новата функција, нагласила дека Шведска останува поддржувач на евроинтеграцисаките процеси на земјава и најавила дека во следниот период може да се очекува голема поддршка во реализација на конкретните проекти во земјата преку Шведската меѓународна агенција за развој.