Бизнисмен подарил 800 милиони долари пред да се самоубие

Еден бизнисмен од Вол Стрит го подарил целото свое богатство во висина од 800 милиони долари пред да се самоубие, пишува весникот „Индипендент“.

Мултимилионерот Роберт Вилсон на 87 години скокнал од 16 кат од луксузната зграда „Сан Ремо“ во  каде што живее во Њујорк. Зградата била дом и на Стивен Спилберг, Деми Мур, Глен Клоус, Дастин Хофман, Боно, Стив Мартин, Брус Вилис и починатиот Стив Џобс.

Вилсон оставил проштална порака, соопштила њујоршката полиција. Пред неколку месеци милионерот преживеал срцев удар.

„Тој секогаш велес дека не сака да страда и кога моментот ќе дојде, тој ќе биде подготвен. Сакаше да ги донира сите пари. ’Останаа уште само 100 милиони’ ми рече неодамна“, изјавил близок пријател на Вилсон.

Милионерот стана легенда откако објави дека ќе го подари целото богатство во добротворни цели. Последните 100 милиони долари ги подарил на невладина група за заштита на околината преку Фондот за заштита на животната средина.

Други кои добиле пари од Роберт Вилсон се римокатоличката епархија во Њујорк, Фондот за светско наследство, хуманитарната организација за зачувување на животната средина Натуре Консервансу и Општество за зачувување на дивата природа. Секоја од оваа организација добила по 100 милиони долари пред смртта на милионерот.

„Разбрав дека католичките училишта се затвораат низ целата земја, а Бил Гејтс веројатно немал доволно пари за да ги спаси“, изјавил Вилсон во 2010 година, кога ја објави донацијата на римокатоличката епархија во Њујорк.

Вилсон 35 години биле во брак со сопругаа Мерилин пред да се разведат, ни никогаш немале деца. Го надживеал својот брат, Вилијам кој починал на 88 години.