Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот ќе разговара со руандскиот претседател Пол Кагаме во текот на кусата посета на Руанда, на третата и последна станица од неговата турнеја во Африка, по посетата на Јужноафриканската Република и Демократската Република Конго (ДРК).
Африканска турнеја на Блинкен има единствена цел да се спречи влијанието на руската дипломатија, чиј шеф Сергеј Лавров неодамна се сретна со челниците на континентот а ги посети Конго, Уганда, Египет и Етиопија.
Јужноафриканската Република е членка на групата БРИКС, во којашто покрај Бразил и Индија, се уште и Русија и Кина коишто САД ги доживува како свои најголеми противници во глобалните политички движења. ЈАР од почетокот на војната во Украина зазема неутрален став, одбивајќи ги повиците од Вашингтон да ја осуди Москва. Пред почетокот на војната во Украина, во извештаите од САД, како главен ривал за влијание во Африка беше посочувана Кина.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека целта на Блинкен е да им покаже на „африканските земји дека имаат клучна геостратешка улога и дека се важни сојузници во горливите прашања на нашето време, од промовирањето на отворениот и цврст меѓународен став до борбата против климатските промени, пандемиите и несигурноста со храната“.
Посетата на Кигали на Блинкен се случува дена откако во Конго разговараше за воената помош којашто Руанда ѝ ја дава на бунтовничката група „Движење 23-ти март“ коешто дејствува на истокот на ДРК, што е документирано во извештајот на Обединетите нации објавен на почетокот од август.
Шефот на американската дипломатија во Кигали допатува во средата вечерта, а во разговорите би требало да ја отвори и темата за состојбата на човековите права во Раунда којашто редовно е критикувана од организациите за човекови права и меѓународните невладини организации.
„Изостанувањето на реакциите на страшната состојба за човекови права во Руанда само го осоколи врвот на оваа земја за злоупотреби, па и надвор од границите“, рече Луис Мадџ, директор на Human Rights Watch (HRW) за централна Африка, во соопштението објавено во понеделникот. Го повика Блинкен на Кугали „веднаш да му даде до знаење дека ќе понесе последици поради прогонот и злоупотребите кои владата ги спроведува во Руанда и надвор од земјата“.
Лидерот на руандската опозиција Виктор Ингабире рече во изјава за AFP дека Блинкен мора да го „постави прашањето за затворените новинари“ коишто ѝ се спротиставиле на владата на Кагаме.
„Блинкен мора да побара од нашата влада да го отвори политичкиот простор за сите коишто сакаат дејствено да учествуваат во политичкиот живот“, истакна Ингабире кои и самиот мина шест години во затвор обвинет за „тероризам“.
Ентони Блинкен би требало да го изнесе и случајот на Пол Русесабагин, херојот од „Хотел Руанда“ кој од минатата година ја отслужува 25-годишната затворска казна, а има дозвола за постојан престој во САД.