Богдановиќ за бојкотот на нобеловецот Хандке: Димитров е идиот!

Градоначалникот на општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, на
Фејсбук го честиташе врачувањето на Нобеловата награда на австрискиот писател
Петер Хандке, но искажа и револт за бојкотирањето на церемониојата од страна на македонската власт.

 

Македонија се солидаризираше со Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција, кои ја бојкотираа церемонијата во Шведска поради ставовите на Хандке во минатото, кој јавно застануваше зад Слободан Милошевиќ и неговите воени
активности во регионот.

Благодарност до Димитров јавно упати косовскиот колега, Беџет Пацоли.