Авион од типот Боинг 777 денес принудно слетал на аеродромот во Москва поради проблеми со моторот, јавува агенцијата Франс прес.
За време на карго летот од Хонг Конг за Мадрид откриена е неисправност на сензорот за управување на моторот.
Екипажот на авионот од компанијата „Rossiya“ одлучил авионот принудно да слета во Москва. Сајтовите за следење на авио сообраќајот потврдуваат дека станува збор за авион од типот Боинг 777.
Сличен инцидент се случи во САД минатата недела кога се запали моторот на Боинг 777 од компанијата „United Airlines“ а делови од леталото паѓале низ предградието на Денвер.
United 777 drops engine parts on Colorado neighbourhood shortly after departure from Denver Airport. Aircraft returned for a safe landing. https://t.co/DLcpS5pXGF pic.twitter.com/GwCCkONq5i
— Breaking Aviation News & Videos (@breakingavnews) February 20, 2021