Бока Јуниорс поднесе жалба пред арбитражниот суд во Лозана

Аргентинскиот фудбалски великан Бока Јуниорс поднесе жалба во спортскиот арбитражен суд во Лозана со барање за службена победа во реваншот од финалето на Копа Либертадорес против најлутиот рувал Ривер Плејт.

Првата средба заврши 2:2, а реваншот беше одложен откако навивачите на Ривер Плата го искршија клупскиот автобус на Бока, а некои од играчите на тимот настрадаа при нападот.

Натпреварот беше презакажан за 9-ти декември на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Бока се обрати кон КАС откако јужноамериканската фудбалска конфедерација ја отфрли жалбата на клубот да му биде доделен трофејот по службен пат.