Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, испратил порака до државниот врв на Македонија да биде преместен на психијатриското одделение, пишува српски „Курир“.
Според весникот, доколку тоа не биде сторено во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето.
Повикувајќи се на извор близок до истрагана за „Рекет“, која со недели го тресе регионот, порталот вели дека Јовановски од притвор упатил закани дека поседува круцијални докази против Зоран Заев.
Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добор, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инекции за смирување…Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција, вели изворот од Скопје за српски Курир.