Боки 13 (Тредичи), СДСМ… и Бојан АНБ! (1)

Новиот директор би можел да ни разјасни на нас кои се занимаваме со информации, да ни ги расчисти сите дилеми кој му даваше наредби и дали истите немаа НАТО сертификат на лицето В.С., кое пак е поврзано со следниве работи: Си напиша депеша дека соодветно лице од бизнисот наводно се среќавало со тајни служби на соседна држава во Берово и со истата беше притворан и му беа нарушувани сите човекови права кои ги знаеме; Дали го извадивте од пред истражен судија и обвинител да не иде во притвор поради работење со опијати?; Заедно со уште едно лице рекетирале градежна фирма од Битола;

Крај на колумната

И на крај Бојан Христовски, како директор на АНБ, има освен законска и морална одговорност да соработува со Панче Тошковски – Министер за Внатрешни работи и Љупчо Коцевски – главен Јавен Обвинител на следниве теми кои се поврзани со сериозни зулуми од страна на политичари, новинари и медиумски регулатори:

Боки 13 (Тредичи) доби наредба од СДСМ да изрекетира бизнисмени кои се согласија со постапката демек ќе добивале државно градежно земјиште за изградба на домови, лага пласирана за да се добијат тендерите за РЕК Битола и обештетување. А, со одобрение на Стефан Богоев, Наташа Петровска, Горан Сугарески… градоначалници, министри и директори на ЕСМ.

Трансмет на браќата Кочан е избркан од РЕК демек биле „Балии“, но и за овозможување за енормно крадење од страна на тогашното СДС битолско крило.

Боки 13 (Тредичи) со нивните пари отвара телевизија и му се приклучуваат наемниците на СДСМ, Борјан Јовановски, Александар Чомовски, Сашо Ордановски и Јадранка Костовска. Исклучиво за пари и привилегии.

Телевизијата е отворена благодарение на Зоран Трајчевски директор на агенцијата за медиуми – АВМУ (поранешен организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ) за да си ја заштити својата функција и он е клучниот кој го знае кодошот – соработник на Ленче Ристоска во предметот „ПРОПАГАНДА“, каде се сакаше да се уапсат повеќе лица меѓу кои и братот на Владо Мисајловски.

Јавно соопштувам дека за Зоран Заев и Радмила Шеќеринска нема ниту еден документ за нивно влијание и ургенција за нелегално финансирање на бизнисите како што имаат овие личности кои ги споменав, а они знаат што знам.

Овие документи во следната колумна со датуми.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

Почеток на колумната

Директорот на скопски водовод и канализација мисли дека сите скопјани си ја пеат „Испод цевоводи и шахта, плови моја браон јахта“. Ако менуваш цевка во Скопје и оставаш неколку десетици илјади, всушност стотици илјади без вода тактички е погрешно да кажеш дека тоа се решава брзо, а веднаш да ги добиеш следниве забелешки:

  1. Смени шпингла (се погласно се збори за ова, тоа е минимален зафат);
  2. Ја сопреа цевката со стеги, ама не направија катодна заштита и анодна проверка. Цевката пак ќе пукне за брзо време;
  3. Дали е точно дека на Надица Крстиќ која е претставувана како заменик на директорот како награда за санираниот дефект е испратена на трошок на претпријатието во Париз?
  4. Дали знаеш директоре дека еден од кандидатите за градоначалник на Скопје на изборите во 2025 година се вика Златко Перински и дека е поранешен директор на Водовод и дека ќе добие во брзо време преку „свиркачи“ документи?

Бојан Христовски од АНБ не смее да помисли да се пресметува со политичари и медиуми, кои го критукуваа неговото назначување за директор на АНБ, посебно откако многу медиуми објавија дека добил сертификат за да ги гледа тајните на НАТО разузнувачките структури. А, оние кои му правеа хајка, кои се од разузнувањето, и злоупотребуваа медиуми да почнат да си ја гледаат онаа легендарна сцена од филмот Викенд на Мртовци, во кој Ачко му вели на Кирца: „Тој можеби и го свирна, ама ти му го ѕирна“.

Новиот директор би можел да ни разјасни на нас кои се занимаваме со информации, да ни ги расчисти сите дилеми кој му даваше наредби и дали истите немаа НАТО сертификат на лицето В.С., кое пак е поврзано со следниве работи:

Си напиша депеша дека соодветно лице од бизнисот наводно се среќавало со тајни служби на соседна држава во Берово и со истата беше притворан и му беа нарушувани сите човекови права кои ги знаеме;

Дали го извадивте од пред истражен судија и обвинител да не иде во притвор поради работење со опијати?;

Заедно со уште едно лице рекетирале градежна фирма од Битола;

Е, многу јака служба сте воделе другарчиња и сега иде онаа легендарна на Шоиќ: „У прдекану има да се иде ко у кафану“. Зашто се плашите од Бојан Христовски подоле во колумната дополнително.

На другарот Боки 13 (Тредичи) му посакувам многу среќа и здравје, многу салати од мајка му, многу пари за Сашо Дуковски и Владо Туфекџиќ, ко негови адвокати што им ги уплаќа на сметки како што е редот: Нели Боки? И следниот пат да не си игра со новинаришта како што се Деки Нетпрес, Жане Лупевска Телма, Иво Мирчевски Канал5, Љупчо Златев Лидер, звани Блицкриг итн. Исто така му посакувам многу здравје на неговиот доктор што утврдил дека е во животозагрижувачка ситуација, да објасни медицински како се пеат песни, снимаат спотови, отвараат медиуми, се иде по ресторани со камери, се прават гала вечери, едвај чекам да го докаже тоа научно како телото го доживува тој напор. И да, другарите од Блиц српски објавија медиумски и само докажаа кај сите други дека Боки 13 (Тредичи) е во добра форма и здравствена и финансиска.

https://www.youtube.com/watch?v=WpeFZhgUVFw, односно EKSKLUZIVNO: Prvi intervju Bokija 13 nakon što je izašao iz pritvora i bolnice

Значи стварно ми е жал за СДСМ како партија. Реално не би сакал, и не ми иде да зборам против Венко Филипче како доктор. Ама како политичар и опозициски лидер имам сосем друг став и мислењеб за него. Јас пак будала уште разговарам дека можеби Венко ќе најде сила да направи опозициски фронт на локалните избори што би било здраво за државата, ама заборавив дека си се опкружи самиот со „Фимеил Мафија“. Демек жениве сеа растур ќе сторат. Каков растур, бре?

Кога ги видов новите другарки на Венко Филипче доживеав повеќе шокови и донесов заклучок: Овие се дефинитивно „Политички аналфабети“. Тие не разбираат што е критика ниту пак разбираат медиуми и финансиски развоја.

Првите две настапија кај следниве новинари: Видиновски, Наумов, Михајлоски и Николовски. Овие две ја злоупотребија новинарската воспитаност и коректност. Новинарот: Добре дојдовте, Невоспитанава: Добро Ви дојдов. И да сакаш нема реална можност да и го мериш паметот.

Вторите пак уште не се свесни дека ја донесоа Македонија во позиција да ако се заинатат сите инвеститори ќе мора да исплатиме како држава според ЈОРК (стандардите се однесуваат за рудни богатства) помеѓу 4 до 8 милијарди евра.

Би сакал да ВИ објаснам во каква ситуација се доведуваат припадничките на СДСМ „Фимеил Мафија“. На времето една сериозна политичка партија одлучува да го смени најинтелегентниот директор за комунални претпријатија, кој создаде многу градоначалници со своите идеи, и излегува една сеуште актуелна личност политичар (ќерка на кодошот на Драган Богдановски), а жена и му вели: Пеееетре, Пееееетре, мене ништо не ми е јасно. Јас сум за тебе. А, она главниот џелат? И Петре и вели: „Марш мори АНТИПИЧКО една“.

Сега од нив зависи во која форма ќе ја надградуваат својата политичка кариера, која на прв поглед е само злобничка и нема никаква врска со интелегенција и интелектуализам.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес