Боливиската армија го повика Моралес да поднесе оставка

Боливиските вооружени сили го повикале претседателот Ево Моралес, кој претходно во неделата се согласи за одржување на новите претседателски избори, да поднесе оставка за да се обезбеди стабилност на земјата, пренесеува агенцијата Reuters.

„Со оглед на ескалацијата на конфликтот и загрижени за човечките животи (…) го повикуваме претседателот да поднесе оставка“, изјави на прес-конференција пренесувана на Facebook, командантот на Вооружените сили на Боливија, Вилијамс Ромеро

Како што објави во неделата вечерта по средноевропско време електронското издание на весникот Pagina 7 повикувјќи се на на воздухопловните сили на Аргентина, истовремено авионот на боливискиот претседател побарал план за летање во аргентинскиот воздушен простор. Според информациите на весникот, авионот на Ево Моралес полетал од Ла Паз од меѓународниот аеродро Ел-Алто.

Левичарскиот боливиски претседател Моралес кој како прв претсдател кој потекнува од индијанската заедница е на власт од 2006 година, претходно во неделата објави одржување на целосно нови претседаетлски избори во услови на повеќенеделни масовни протести и по прелиминарниот извештај на Организацијата на американските држави (OAS) според кој се изразува силно сомневање дека Моралес победил уште во првиот изборен круг пред четири седмици.

Неговиот главен ривал на изборите на 20-ти октомври, Карлос Меса и другите опозициски кандидати, бараат Моралес да не учествува на новите избори за шеф на државата и оти мора да поднесе оставка. Моралес оцени дека ваквото барање претставува обид за државен удар.