Бомбашки напад бил извршен утринава пред судот во египетската престолнина Каиро, пренесе „АФП“.
При нападот, што бил спроведен непосредно пред отворањето на избирачките места, каде ќе се гласа на референдумот за новиот Устав, нема повредени лица.
Моќта на бомбата била слаба и нанела само материјална штета на фасадата на судот.