Над четири илјади лица беа евакуирани од три големи трговски центри во Москва, откако полицијата добила дојава за поставена бомба, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на прес-службата на Министерството за внатрешни работи.
На телефонот за итни случаи бил примен анонимен повик, преку кој било известено дека е поставена експлозивна направа во трговски центар „Златен Вавилон“, но без да се прецизира на кој адреса. Поради тоа полицијата морала да ги евакуира и провери и трите трговски центри со тоа име.