![borel-4](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/borel-4.jpg?resize=696%2C437&ssl=1)
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, пред денешната средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, укажа на потребата од запирање на практиката на решавање кризни ситуации, односно да се оди кон нормализација на односите.
– Потребна ни е деескалација на ситуацијата, да го запреме постојаното управување со кризи и да почнеме да напредуваме кон нормализација на односите, напиша синоќа Борел на Твитер.
Тој потсети дека за денеска свикал итен состанок со Вучиќ и Курти во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Како што претходно најавија од Европската служба за надворешни работи, Борел денеска од осум часот ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што е предвидена заедничка средба.