Фудбалерите на Борусија Дортмунд во првиот натпревар од 19-то коло на германското првенство со 5:1 го совлада Келн, а младиот холандски напаѓач по минатонеделното деби со хет-трик, во петокот беше двоен стрелец/
„Милионерите“ поведоа со голот на Рафаел Гверејра во првата минута, а водството во првото полувреме го удвои Марко Ројс во 29 минута. Џејдон Санчо зголеми на 3:0 во 48, а Келн намали во 65 минута преку Марк Ут. Но потоа Ерлинг Брејт Хааланд, кој повторно влезе како замена, со двата погодока во 77 и 87 минута го постави конечниот резултат.
Борусија Дортмунд со 36 бодови е третопласирана, и е израмнета со Баерн, додека водечкиот РБ Лајпциг има четири бода повеќе. Келн остана 13-ти со 20 бодови.