Раководните лица на германскиот бундеслигаш Борсуија од Дортмунд потврдија дека ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да ангажираат некое квалитетно засилување.
„Јас не сум изјавил дека нема да купиме нов играч за време на зимскиот преоден рок. Сите опции се во игра, а моментално пратиме неколку фудбалери. Мислам дека можеме да се засилиме со еден или максимално двајца фудбалери”, изјави спортскиот директор на Борсуија, Михаел Цорк.
Извршниот директор на популарните “милионери”, Ханс-Јоаким Ватцке додаде дека новото засимување мора да биде финансико исплатливо.
„Постојано разговараме на оваа тема, постојано проверуваме дали има нешто ново на пазарот за фудбалери. Ние сме е заинтересирани само за фудбалери кои ќе го подобрат квалитетот на игра и кои се финансиски исплатливи”, изјави Ватцке.